Поучна приказна: Она што мирно спие во вашиот кревет не значи дека ве сака

Си живеела една жена која што си имала змија за домашно милениче и многу си ја сакала. Кога змијата пораснала 2 метри едноставно престанала да јаде. Жената се растажила и неколку недели по ред се обидувала да ја натера змијата да јаде, но нејзините обиди биле безуспешни. Така таа на крајот решила да ја однесе на ветеринар.

Жената му ја објаснила ситуацијата на ветеринарот, а тој ѝ поставил неколку прашања: „Дали вашата змија спие со вас, се гушка и се истега покрај вас?“

Жената одговорила: „Да го прави тоа секоја вечер и многу ме растажува што не можам да направам ништо за да ѝ помогнам. Што не е во ред со неа?“

Ветеринарот ѝ објаснил: „Госпоѓо вашата змија не е болна. Таа се подготвува да ве изеде. Ве мери секој ден за да знае колку треба да биде голема. Исто така не сака да јаде за да има место да ве свари вас.“

Шокираната жена си заминала од кај ветеринарот, но ја оставила змијата за да ја однесат во некоја зоолошка градина. Но, ова не е поучниот дел од приказната.

Мудроста лежи во тоа дека секогаш треба да ги препознавате змиите околу вас. Само затоа што ви се блиски, или пак спијат во вашиот кревет не значи дека ве сакаат и дека имаат добри намери. Дури и Јуда го предал Исус по бакнеж.