Поучна приказна: Човекот кој немал среќа во животот
– На 5 години татко му умира.
– На 16 престанува да учи.
– На 17 години веќе загубил повеќе од 4 работни места.
– На 18 години се жени.
– Меѓу 18 и 22 работи како возач и не успева.
– Решава да пристапи во армијата, но го одбиваат.
– Се обидува да учи право и повторно е одбиен.
– Не успева ни како агент за осигурување.
– На 25 години жена му го напушта и му ја зема единствената ќерка.
– Се вработува како мијач на садови во кафетерија.
– Не успева да си ја врати ќерка си.
– На 65 се пензионира.
– На првиот ден на пензионирањето, државата му дава 105 долари. Осознавајќи дека не може да се издржува со тие пари, решава да се самоубие, измачуван од животот полн со неуспеси. Седнува под едно дрво за да го напише своето посмртно писмо и додека го пишува, сфаќа дека има нешто што отсекогаш го сакал, а никогаш не пробал да го работи. Тоа е готвењето. Со тие 105 долари купува фритеза, прави пржено полешко по рецептот на баба си и го продава од врата на врата низ градот. На 88 години господин Сандерс, основач на KFC, е милјардер. А ние, само со един неуспех сакаме да се откажеме? Животот ќе не тестира толку пати, колку што е неопходно и во вистинскиот момент ќе не награди! Затоа не се жалете, туку продолжувајте напред!