Поучна приказна: „Никогаш не зборувај со магариња“

Магарето му рекло на тигарот:
– Тревата е сина.

Тигарот одговорил:
– Не, тревата е зелена!

Настанала расправија и отишле кај лавот, кралот на шумата, да ги решат несогласувањата.

Уште пред да стигнат до местото во шумата каде што лавот седел на својот престол, магарето почнало да плаче:
– Ваше височество, дали е вистина дека тревата е сина?

Лавот одговорил:
– Да, тревата е сина.

Магарето се воодушевило и продолжило:
– Тигарот не се согласува со мене, се расправа и ме нервира. Те молам казни го.

Кралот на ѕверовите тогаш рекол:
– Тигарот ќе биде казнет со 5 години молчење!

Магарето радосно скокнало и продолжило, задоволно повторувајќи:
– Тревата е сина, тревата е сина…

Тигарот, прифаќајќи ја својата казна, го прашал лавот:
– Ваше височество, зошто ме казнувате? Дали тревата е зелена?

Лавот одговорил:
– Навистина, тревата е зелена.

Изненадениот тигар прашал:
– Тогаш зошто ме казнуваш?

Лавот на тоа му одговорил:
– Нема врска со тоа дали тревата е сина или зелена. Казната што ја добивте е дека толку храбро и интелигентно животно како Тигарот не може да си го губи времето расправајќи се со магарето. И да доаѓа кај мене со вакви прашања“.

Најлошото губење време е да се расправате со будала и фанатик кој не се грижи за вистината или реалноста, туку само победата на своите верувања и илузии. Никогаш не губете време на бесмислени расправии. Има луѓе на кои колку и да се обезбедат докази и факти, сепак не се во состојба да ги разберат. Единствено што сакаат е да бидат во право, иако тоа е далеку од тоа.

Кога незнаењето вреска, интелектот молчи.