Поучна приказна: Секој ден треба да бидеме благодарни за малите нешта

Еднаш, одамна живееше голем крал. Никој не можеше да се натпреварува со него во богатство или сила и моќ. Имаше од пиле млеко во своето кралство неговите поданици беа среќни и го сакаа, а тој самиот уживаше во здравје и мирни среќни денови. Но, кралот почнал да чувствува еден вид празнина во неговата душа. Чувствуваше дека неговиот живот е бесмислен и глупав и не можеше да се возбудува ниту да ужива во ништо.

Затоа, еден ден реши да оди на долго патување со надеж дека ќе најде утеха во својата мака. Една вечер решил да ја помине ноќта под еден даб во близина на мало поле. Кралот седел на земјата и одеднаш нешто необично му го привлекло вниманието.

Волот со кој човекот ја обработувал својата земја одеднаш паднал на земја, и покрај очајните обиди на господарот да го исправи, животното не се движело.

По некое време, сепак, се случило нешто необично. Селанецот паднал на колена, почнал да се моли и гледал кон небото, а потоа извикал: „Слава на тебе, Господи! Фала ти Боже“

Кралот се зачудил па решил да го праша човекот: „Ај, човеку, јас сум видел вол да падне и умре. Но, јас не разбирам зошто клекна веднаш после тоа и почна да му се заблагодаруваш на Бога?“

„А како да не му се заблагодарувам? Јас сум несреќен грешник кој не заслужува капка Божја голема милост. И наместо да ме земе или да ме казни, Бог зеде само еден вол што ми го даде пред една година. Слава на тебе, Господи!“, одговорил селанецот.

„Но како ќе ја ораш својата нива сега?“, уште позачудено прашал кралот.

„Не знам, Бог ќе ме води“, одговорил селанецот.

Набудувајќи го овој човек, кралот се чувствувал малку засрамен што тој, моќниот владетел, кој има сè и живее во луксуз и изобилство, не знае како да се насмевне на овој начин, да биде смирен и благодарен. А овој сиромашен човек, кој штотуку ги загуби единствените средства за егзистенција, му беше благодарен на Бога и продолжи да верува во него.

Во тој момент, кралот спонтано извади неколку златници и му ги предаде на селанецот.

„Еве, земи ги и купи купи нов вол. Можеби е чудно, но денес научив многу важни работи од вас. Затоа прифатете ја оваа помош како знак на благодарност.“, рекол кралот.

Селанецот извикал: „Ах нели ви реков господару дека Бог нема да ме напушти! Слава на тебе, Господи! Ти благодарам!“

Кралот бил толку задоволен од неговата средба со селанецот и со неговите нови сознанија за животот што веднаш ги спакувал торбите и се вратил назад. Но, додека се доближувал до кралството сфатил дека неговиот дворец е во пламен.

„Слава на тебе, Господи! Фала ти Боже!“, извика кралот, кревајќи ги рацете кон небото.

„Не бев благодарен кога ми даде великодушно, но сега двапати ти благодарам – и за она што ми го даде и за она што сега го земаш од мене. Знам дека би можел да бидам сега во палатата што гори и да умирам. Но, ти го поштеди мојот живот.“

После тој ден, кралот започнал да ја обновува својата палата, но сега неговото срце било мирно и весело, полно со благодарност и мир. Почнал да го цени секој момент од својот живот и да ужива во него, да гледа значење во сè што се случува. И тој не заборави да му се заблагодарува на Бога за секој нов ден.