Поучна приказна со дедото на Зоки (виц)

Учителката им рекла на децата:
– Ајде сега да ми раскажете некоја приказна која се случила порано со вашиот дедо, но да има и поука!
Петар:
– Мојот дедо отишол да продава јајца на пазарот. Но по патот паднал и сите се скршиле. Поуката е: не ги ставајте сите јајца во една кошница!
Учителката:
– Браво, Петар! Некој друг?
Се јавил Мартин:
– Кокошките на село снеле 20 јајца. Дедо се зарадувал дека ќе има 20 пиленца. Но, само 10 јајца се испилили. Поуката е: човек не треба да прави планови пред време!
Учителката:
– Браво, Мартин! Некој друг?
Се јавил и Зоки:
– За време на војната, дедо ми заостанал од четата. Била лута зима! Тој имал само шише ракија, митралез и нож. За да не умре от студ, ја испил веднаш ракијата! Тогаш се појавила една непријателска чета!
Дедо застанал зад митралезот и истепал 70 војници! Кога муницијата му се потрошила, тој го извлекол ножот и тргнал во напад. Заклал 20-30 непријатели и ножот му се скршил. Останатите непријатели ги задавил со голи раце.
Учителката:
– Зоки, тоа е многу интересна приказна! Но јас не сфатив која е поуката?
Зоки:
– Како која е?! Бегајте подалеку од дедо, кога е пијан!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *