Поучна приказна: Учениците и часот по среќа
Еден ден една учителка купила многу балони. Таа им кажала на своите ученици да ги надујат балоните и секој на него да си го напише своето име. Кога биле подготвени, децата ги пуштиле сите балони во училницата.
Учителката ги измешала низ целата училница и потоа им кажала:
„Секој од вас има само 5 минути да го пронајде балонот со своето име!“
Возбудени, децата брзо почнале да пребаруваат низ балоните трчајќи од еден на друг крај во училницата. Тие искрено и упорно барале, но ниту едно од децата не успеало да си го пронајде својот балон за само 5 минути.
Учителката тогаш ги променила правилата на задачата:
„Сега земете го најблискиот балон и предајте му го на детето на кое му припаѓа“.
За две минути сите деца го имале балонот со своето име, кој им припаѓал. Така учителката одлучила да им ја соопшти поуката од оваа навидум игра:
„Балоните се како среќата. Никој нема да ги најде доколку само си ја бара својата. Но, кога ќе покажеме загриженост и поддршка едни за други, секој ќе ја најде својата среќа што е можно побрзо“.