Повеќе од 165.000 долари се собрани за помош на самохрана мајка, која беше уапсена откако ги остави своите деца во мотелска соба за да може да оди на работа

Повеќе од 165.000 долари беа собрани за помош на самохрана мајка, која беше уапсена откако ги остави своите деца во мотелска соба за да може да оди на работа.

На страната GoFundMe беше објавен пост за поддршка на 24-годишната Шаина Бел, од Либерти Тауншиу, Охајо, откако беше уапсена минатата недела и обвинета за две точки за прекршочно загрозување на дете.

Бел и рекла на полицијата дека вообичаено бара некој да ги проверува нејзините деца на секој час додека работи, и се чувствувала дека нејзината постара ќерка, која има 10 години, е доволно стара за да остане со својата двегодишна сестра во Мотел 6 каде што живеат, додека таа оди да работи преку улицата во ресторан за брза храна „Мал Цезар“.

Страницата GoFundMe има за цел да и помогне на Бел да најде постојан дом и откако членовите на јавноста ја слушнаа нејзината приказна, стотици луѓе се одлучија да донираат.

До сега се собрани повеќе од 165 000 долари.

Бел објасни дека додека луѓето „се тука за неа и покажуваат голема поддршка“, но таа исто така била мета на некои штетни коментари.

Таа продолжи:

Имам над 100.000 долари на сметка на GoFundMe во моментов. Не го барав тоа, но луѓето ми го дадоа тоа, и јас сум премногу благодарна за тоа што се случува.

Бел беше ослободена ден по апсењето, и таа вели дека ќе ги искористи парите собрани преку GoFundMe за да купи куќа за себе и за своето семејство.