Повеќе од 194.000.000.000 маски за лице се закана за ново глобално загадување

Еколог сподели алармантни снимки за тоа како собира опрема за заштита од пандемијата од морето, вклучително и разни маски за лице и ракавици. Емили Стивенсон проговори за најголемата закана што ја предизвикуваат маските за заштита за животната средина и океанот, откако пронајде 171 парче за само 1 час во Корнвол.

На претходно расчистување на потполно истата рута Емили пронашла само 6 парчиња, што значи дека ситуацијата е загрижувачка. За жал, ова е само врв на ледениот брег, со снимките на Емили кои фрлаат светло врз глобалното прашање.

Маринскиот биолог Емили го ко-основаше проектот The Beach Guardian со нејзиниот татко Роб уште во 2017 година. Двојката досега организираше повеќе од 200 собири во заедницата. Сега Емили забележала зголемување во загадувањето, со тоа што најголемиот дел од предметите вклучуваат маски за лице и ракавици за заштита.

Според Емили, истражувањата покажуваат дека доколку секое лице во Велика Британија носело маска за еднократна употреба секој ден во текот на една година, ова би довело до дополнителни 57.000 тони тврда рециклирана пластика, како и дополнителни 66.000 тони на контаминиран отпад.

Според неодамнешната студија објавена во списанието „Environment, Science & Technology journal“ се проценува дека 129 милијарди маски за лице и 65 милијарди ракавици се користат секој МЕСЕЦ на глобално ниво, што резултира во „широко распространето загадување на животната средина“.