Повеќе од 300.000 засолништа: Единствена европска земја која го штити секој жител од катастрофа
„Бункери за сите“ е еден од слоганите на Швајцарците, жители кои ја имаат честа да живеат во земјата со најмногу засолништа во Европа. Швајцарија троши многу пари (повеќе од 20 проценти од својот буџет) за да се осигура од сѐ и сешто, што е потврдено со законот дека секој жител мора да има место за да се заштити – до кое може брзо да се стигне од местото на живеење. Некогаш, сите сопственици на станбени згради мораа да изградат и опремат засолништа за сите станари.

Швајцарците имаат околу 300.000 засолништа низ целата земја, во станови, болници и разни институции, како и повеќе од 5.000 јавни засолништа. Во случајот со Армагедон, опфатена е заштита за вкупно 8,6 милиони луѓе. Од крајот на 1980 -тите, бројот на засолништа продолжи да расте, и со текот на времето, Швајцарците заклучија дека можат да се одморат од неуморна градба бидејќи немаат непријатели и не се во непосредна опасност. Се помалку луѓе се сеќаваат на времето кога беше нагласено дека неутралноста не штити од зрачење.

Тунелот Соненберг во Луцерн, изграден во 1976 година, е швајцарски предводник на мегапроекти за заштита на цивили. Просторот, дизајниран да прими 20.000 луѓе, имаше и болница, операциона сала, контролен центар и други капацитети. Без оглед на големината, проектот сепак имаше голем број недостатоци. Едната од нив беше врата дебела 1,5 метри и тешка 350.000 килограми која не можеше добро да се затвори, а под знак прашалник беше и логистиката на толку голем број луѓе на едно место. Во 2006 година, Швајцарците се откажаа од засолништето.

Денес, повеќето засолништа во Швајцарија служат како простори за складирање велосипеди, винарски визби или складиште за работи што чекаат подобри времиња. Љубовта кон бункерите ја делат Албанците, Швеѓаните и Финците, како и Јужна Кореја, Сингапур, Кина и Индија, но Швајцарците сепак ја земаат првата награда кога станува збор за заштита на своите жители.
