Површина како цела Германија! 10 работи кои можеби не сте ги знаеле за најголемото езеро во светот
Каспиското Езеро/Море се смета за најголемото езеро во светот и зафаќа површина од 371.800 квадратни километри меѓу Европа и Азија. Постојат неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за ова огромно езеро.
- Каспиското Езеро е исклучително солено – со просечна соленост од 13 проценти – поради што некои го нарекуваат затворено море. На нејзините брегови има дури пет земји: Русија, Иран, Азербејџан, Туркменистан и Казахстан.
- Каспиското Езеро е географска депресија, односно вдлабнатина на копно под нивото на морето која е исполнета со вода, а се наоѓа на -26,5 метри.

- Најголемата измерена длабочина има во јужниот дел на езерото и изнесува 1025 метри. Каспиското Езеро е долго 1.200 km и широко помеѓу 210 и 436 km.
- Северниот дел од езерото е поплиток и изложен на пониски температури. Површината на езерото може да биде целосно замрзната од декември до април.

- Во езерото се влеваат околу 130 реки, од кои најголема е реката Волга. Затоа, не е чудно што таму може да се најдат околу 79.000 кубни километри вода, или дури 40 отсто од волуменот на сите езера во светот.
- Езерото е старо околу 5,5 милиони години. Некогаш било дел од океанот Тетис, кој се протегал од палеозоикот до терциерниот меѓу евроазиските, африканските и индо-австралиските континентални плочи.

- Регионот на Каспиското Езеро е еден од најбогатите наоѓалишта на нафта и природен гас во светот.
- Експлоатацијата на нафта и гас, но и климатските промени доведоа до големо загадување на езерото, што го загрозува неговиот живот.

- Во езерото живеат околу 400 ендемични видови, од кои многу редок вид слатководна фока.
- Каспиското езеро е дом на есетрата белуга, чии јајца се користат за правење на најскапиот кавијар во светот. Килограм белуга кавијар може да достигне цена од 650.000 денари.
