Површина малку поголема од фудбалско игралиште: Како изгледа животот на најгусто населениот остров во светот?

Многумина тврдат дека Санта Круз дел Изолте е најгусто населен остров во светот. Станува збор за вештачки остров составен од корали, камења и нанос на архипелагот Сан Бернандо во Колумбија, кој зафаќа само еден хектар или околу 12.140 квадратни метри.

Според пописот од 2016 година, во околу стотина трошни куќи на островот живеат 485 луѓе, од кои повеќе од половина се малолетни. Локалните жители тврдат дека реалноста е поинаква и дека Санта Круз е населен со повеќе од илјада луѓе.

Овде нема многу содржина – на островот има само неколку продавници и едно училиште, а повеќето живеат многу скромно и преживуваат благодарение на риболовот и туризмот. Сите пари од туристите кои го посетуваат Санта Круз дел Изолте за да го видат животот на најгусто населениот остров одат во заедничката каса.

Иако островјаните немаат многу земни добра, никој не легнува гладен. Заедницата се грижи за сите членови. Ако некој се разболи и мора да оди на соседниот остров да оди на лекар, секој ќе даде малку пари за да се случи тоа.

Поради недостаток на простор и капацитети, жителите често патуваат на соседните острови во архипелагот како Тинтипан или Мукура за да се забавуваат, да се рекреираат, да најдат работа, или дури и да ги закопаат мртвите. Санта Круз, всушност, нема гробишта.

Нема недостиг од струја. Откако јапонската влада им подари соларни панели, островот произведува доволно електрична енергија за сите жители.

Погледнете го животот на најгусто населениот остров во светот во видеото на YouTube World Nomad.