Повторно екстремни поплави во Шпанија, улиците на Малага се спремни за пливање

Поплавени се улици, железнички станици, па дури и болница, што доведе до тоа болницата да одлучи да активира план за итни случаи. Силно погодени се и аеродромот и метрото. Околу 3.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост. Училиштата се затворени во некои области, а вреќи со песок се користат за задржување на водата. Воените возила преку мегафони ги предупредуваат жителите за постојаниот дожд.

Причина за овие поплави е временскиот феномен ДАНА, при кој студениот воздух на големи надморски височини доаѓа во контакт со потопол воздух, предизвикувајќи обилни и нагли врнежи.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *