Повторно МАСАКАР во Србија: 8 убиени и 13 повредени во Младеновац
Вчеравечер во престрелка во селото Дубони кај Младеновац убиени се 8 лица, а ранети се 13. Убиецот веднаш побегнал од местото на настанот, но е веќе уапсен.
21 годишниот Урош Б. испукал куршуми од автомобил во движење откако започнала расправија во училишниот двор во Младеновац, па отишол до дома и земал пушка.

Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца. Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката.
Според српските внатрешни сили, полицајци се уште се на местото на настанот.
Ноќеска во болницата во Смедерево биле пренесени 10 лица, од кои четворица им подлегнале на повредите. Три лица се оперирани, две се во стабилна состојба, додека едно е сѐ уште на операција.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно