Пожарникари му се заблагодарија на овој 4-годишен херој, за храбриот подвиг со кој го спаси братчето

Често слушаме приказни кога возрасни луѓе спасиле нечиј живот, особено на деца. Но, понеобично е кога дете ќе спаси живот и ќе покаже огромна храброст на мала возраст. Децата се искрени и добродушни и тие ќе направат сѐ за оние кои ги сакаат, а ова момче е доказ за тоа.

Мејсон Очоа бил дома во својот дом во Плаценција во округот Оринџ кога го видел својот помал брат 1-годишниот Николас како паѓа во базенот во градината. 4-годишното момче не размислувало и веднаш истрчало во градината за да му помогне на своето братче.

Тој успеал да го фати Николас за рака и да му ја држи главата над водата додека викал за помош. Таткото на момчињата, Хозе ги повикал службите за итни случаи и иако на почетокот лицето на момчето било виолетово, благодарение на брзата реакција на Мејсон не претрпел никакви повреди.

Противпожарната служба во Плаценција ги прослави херојските активности на четиригодишното дете, овозможувајќи му ден како пожарникар и како болничар во противпожарна единица. На крајот од денот му била доделена и награда за храброста.

Дедото на Мејсон вели дека семејството имало ограда околу базенот, но ја тргнале затоа што тој ден требало да ја покажат куќата на потенцијални купувачи, затоа тој апелира на сите родители со мали деца да бидат екстремно внимателни.