Позитив на денот: Нуркачи се обидуваат да го убедат малиот октопод да ја замени пластичната чаша за школка

Грижата за нашата прекрасна планета се големи, широки политики кои се справуваат со прашања како што се загадувањето со пластика и уништување на живеалиштата. А понекогаш е доволно само ако одвоите време да му помогнете на едно мало суштество во врска со животната средина.

 

Во видеото на YouTube што е прегледано неверојатни 18 милиони пати, гледаме пример на второто во акција како некои љубезни и сочувствителни нуркачи се обидуваат да убедат октопод да ја напушти пластичната чаша што ја користи за заштита и да ја замени за цврста школка. Пал Сигурдсон споделува десетици подводни видеа на Јутјуб, но гледањето на ова конкретно видео од неговото нуркање кај брегот на Лембе, Индонезија пред неколку години, речиси се чувствува како да гледате краток филм на Пиксар.

„Потрошивме цело нуркање и поголем дел од нашиот воздух за да го спасиме овој октопод од сурова судбина. Кокосовиот октопод, познат и како октопод со вени, е роден со инстинкт да се заштити со создавање на мобилен дом од лушпи од кокос или школки што ги наоѓа под вода. Долго време се обидувавме да му дадеме школка надевајќи се дека ќе ја замени пластичната чаша“, напиша Сигурдсон во описот на видеото.

 

Octo in a cup

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *