Познат рапер и неговата сопруга се обвинети за силување на 100 жени
Неодамна, 42-годишната Сабрина Петерсон, уметница и деловна жена, им раскажа на медиумите како го прекинала пријателството со познатиот 40-годишен рапер Т.И (Кристоф Харис Џуниор) и неговата сопруга Тини (Тамека Котл). На една од нивните забави Тини завршила во болница, а Т.И на Сабрина ѝ се заканувал со пиштол. Наскоро таа почнала да добива пораки од девојки кои доживеале и полошо. Млади девојки од различна возраст и раса ѝ се јавувале и сите ѝ раскажале слични приказни. Првин добивале покана за забава од познатиот пар. Поласкани од поканата оделе. Кога ќе пристигнеле на местото каде што се одвива забавата не им било дозволено да си одат. Тие таму биле дрогирани, тепани и силувани. Познатиот пар им се заканувал дека ако кажат некому ќе ги убијат. Познатите сопружници ги негираат сите обвинувања, нагласувајќи дека имаат долга историја со Сабрина и жената им прави проблеми околу десет години. Сепак Сабрина заедно со околу 100 други жени се организира правно да се борат и да им помогне да најдат психијатри за последиците.





