Познат спа центар во Њу Џерски мора да дозволи транс-жени во женскиот дел по тужба од биолошки маж што се чувствува како жена

Корејска спа од Њу Џерси открива дека популарното корејско спа King Spa мора да дозволи пристап за трансродови индивидуи, вклучително и оние што не поминале операции за промена на пол, во женските простории – откако биолошки маж изврши тужба за дискриминација. Револуционерната одлука значи дека старите, по род подделени простории, ќе бидат укинати и секој ќе може да ги користи услугите во спа-центарот според својот родов идентитет, без разлика на телесните карактеристики.

Познат спа центар во Њу Џерски мора да дозволи транс-жени во женскиот дел по тужба од биолошки маж што се чувствува како жена

Тужба од транс жена поради дискриминација го промени спа-центарот

Александра ‘Али’ Гоберт, 35-годишна транс жена, поднесе тужба против King Spa во август 2022 година, по посетата со женска пријателка. Иако неговата возачка дозвола го идентификува како женско, на прием му дале трака за мажи и пристап до машката соблекувална. Гоберт веднаш реагирал дека е „транс жена“ и по кус конфликт, тој добил пристап до ограничената женска зона. Но, кога се обидел да влезе, вработена го пријавила кај менаџерот бидејќи е во просторијата за жени.

Тужба од транс жена поради дискриминација го промени спа-центарот

Одибен од женската просторија – менаџерката го прашала „дали уште има машки делови“

Менаџерката Јун Парк го прашала Гоберт дали сè уште има „машки делови“. Тој одговорил потврдно и веднаш му било наредено да ја напушти женската соба и да се пресели во машка. Гоберт одбил велејќи дека не се идентификува како маж и не се чувствува пријатно во машките простории. Јун Парк му дозволила пристап до женската зона само ако облече костим за капење, но Гоберт одбил, нагласуваjќи дека ова е прекршување на Законот на Њу Џерси против дискриминација.

Одибен од женската просторија - менаџерката го прашала „дали уште има машки делови“

Спогодба со компезација за „потерсот“

Две недели по инцидентот, Гоберт поднел тужба преку адвокатската канцеларија Costello & Silverman. Во тужбата се вели дека спа-центарот „ погрешно го определил родово“. Правниот тим на King Spa возврати дека во минатото Гоберт се легитимирал како машко и затоа прашањето билo неминовно поради другите голи посетители. Судскиот процес бепе закажан за 11 август, но спа-центарот прифати спогодба и договори „тајна спогодба“ со финансиска компензација за Гоберт. Сите вработени во спа-то мора да минат обука за родов идентитет од непристрасен консултант, а раководство ќе следи посебна политика против дискриминација.

Ова не е изолиран случај: Исти промени и во правлата на спа центар во Вашингтон

Сличен случај се случи и во женскиот корејски спа во Вашингтон каде што активист и транс жена Хејвен Вилвич се пожалил откако бил одбиен поради тоа што не поминал операција за промена на пол. Судот наложи спа-центарот Olympus Spa да прифати транс жени пред операција. Вашингтон, како Њу Џерси, дозволува трансродови лица да ги користат сите соодветни простории според родот со кој се идентификуваат.

  • ….. напиша:

    Eve ja idninata na MK vo EU! Samo taka, samounishtuvajte se i drug ke vi bide vinoven

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *