Познат срцекршач ја изневерувал со проститутки, бившиот вереник ненадејно починал, а поранешниот сопруг имал трагичен крај

Актерката Елизабет Харли на 57-годишна возраст воодушевува со секое ново појавување во јавноста, а со оглед на нејзината извајана фигура и беспрекорниот изглед, таа и понатаму е позната како една од најубавите. Сепак, оваа убавица немаше среќа во љубовта.

Пред само неколку дена таа засекогаш се прости од својот поранешен вереник, играчот на крикет Шејн Ворн, кој почина на 53-годишна возраст од срцев удар.

„Се чувствувам како сонцето засекогаш да зајде зад облаците. Почивај во мир драго мое Лавосрце“, напиша Елизабет покрај фотографиите на кои позира со спортистот.

Шејн и Елизабет беа заедно од 2010 до 2013 година, а беа и свршени. Тие беа во врска три години пред да раскинат, а Ворн за деталите отворено проговори дури минатата година. „Многу сум тажен што оваа врска пропадна, сè уште се грижам за неа. Елизабет е прекрасна личност. Не ја запознав со моите деца додека не сфатив дека тоа е вистинска љубов, а не само шега”, коментираше тој за американските медиуми. И нивните пријатели рекоа дека многу си значат еден на друг. Интересно, откако раскинаа, ретко се зборуваше за нивните нови врски. Затоа почнаа гласини дека парот се смирил, но подоцна сето тоа го демантираа.

Пред две години на 55-годишна возраст почина уште еден нејзин поранешен партнер, таткото на нејзиниот син Демијан, Стив Бинг. Нивната врска заврши неполна година подоцна, во март 2001 година, а познатата актерка во меѓувреме остана бремена. Стив не сакал да го признае татковството, а подоцна тестот докажал дека Демијан навистина е негов син. Во последните години Стив и Елизабет беа во добри односи.

Нејзината најпозната врска е секако онаа на нејзиниот колега Хју Грант. Грант и Харли се запознаа на сетот на „Rowing With the Wind“ во 1987 година. Тие беа заедно 13 години, а и покрај се што се случуваше меѓу нив, до ден денес останаа во одлични односи.

По осум години врска, актерот е фатен со проститутка на Сансет Стрип во Лос Анџелес. Полицијата го уапси, а неговите фотографии ги објавија таблоидите ширум светот. Тоа, пак, не ја уништи нивната врска, туку останаа заедно уште пет години. Не е изненадувачки што останатите пет години беа проследени со гласини дека Хју ја изневерува Елизабет, но парот истакна дека се измазнувале и тоа не е причината за нивниот прекин. Хју сè уште го следи истиот скандал.

Елизабет Харли и Хју Грант раскинаа во 2000 година, но за разлика од другите парови, нивното раскинување не беше проследено со големи скандали. Напротив, парот се уште тврди дека разговараат секој ден и дека се најдобри пријатели. „Таа е мојата најдобра пријателка, прво и се јавувам кога ми е тешко“, изјави Хју пет години по раскинувањето. Поранешниот пар зборува за се во животот, а Харли вели дека за сите совети оди кај него.