Познатата актерка Гвинет Палтроу продава свеќа со многу „интимен мирис“ кој ги заинтригира обожавателите

Гвинет Палтроу како и многу други познати личности става на пазарот производи кои стануваат популарни благодарение на нејзиното име.

Но, таа не сака да биде „обична“ како останатите познати личности и затоа нејзината линија на миризливи свеќи е од малку поинаков карактер.

47-годишната Гвинет има свој велнес бренд Goop и неодамна ја пушти во продажба свеќата „Ова мириса како мојот оргазам“. Да, токму така Гвинет има смисла за хумор па на своите обожаватели им продава свеќи кои „мирисаат како нејзиниот оргазам“.

Тоа не е сѐ! Ова всушност и не е првата свеќа од оваков тип на Гвинет таа веќе има пуштено во продажба свеќа наречена „Ова мириса како мојата вагина“. Да се разбереме оваа свеќа мириса на бор, а за Гвинет не знаеме.

Миризливата свеќа „Ова мириса како мојот оргазам“ чини неверојатни 75 долари. Таа е спакувана во „сугестивно“ пакување со огномет. Гвинет ја открила својата нова свеќа за време на онлајн интервјуто во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“.

Во последниве години, Палтроу беше повеќе фокусирана на градењето на успесите на Goop отколку на глумата, појавувајќи се во документарната серија Netflix, The Goop Lab. Сепак, и покрај популарноста на брендот, Goop претходно се најде под оган заради правење несуштински тврдења за здравјето. На пример, во 2018 година, платија над 100.000 евра казна откако тврдеа дека камење во форма на јајца, наменети да бидат ставени во вагината, имаа здравствени придобивки.