Познати мажи кои биле подложени на козметички третмани и не се срамат да зборуваат за тоа

Многу е ретко да се слушне славна личност што отворено зборува за третмани против физичките „несовршености“. Иако козметичките третмани се попознати кај жените, мажите не се имуни на желбата да променат нешто во врска со својот изглед како на пример Канје Вест, кој се плашел дека луѓето ќе го исмеваат бидејќи е дебел и направил липосукција.

Направивме истражувања за кои познати личности „легнаа под нож“ и кои се причините за тоа.

Канје Вест

Контроверзниот рапер разговараше со TMZ во 2018 година и призна дека морал да направи липосукција во 2016 година за да ослабе. Според зборовите на Вест, тој бил подложен на естетска операција со цел да го подобри својот изглед, бидејќи се плашел да не го наречат дебел.

Мики Рурк

Мики Рурк е познат холивудски актер кој неколку пати бил опериран. Неговата „навика“ за пластична хирургија оди рака под рака со неговата страст за боксот, спорт во кој двапати го скрши носот и  јаболчниците. Поради актерската кариера, тој добил брзи хируршки поправки на повредите.

Симон Кауел

Контроверзниот судија на The X Factor и America’s Got Talent е уште еден пример за некој што не се плаши од естетска хирургија. Некои британски медиуми тврдат дека Кауел започнал да користи ботокс во 2009 година.

Силвестер Сталоне

Сталоне низ годините претрпе огромна трансформација. Всушност, тој е еден од ретките славни личности кои отворено зборува за оваа тема уште од 1990 -тите. „Зошто да не го сторам тоа?“ вели тој.

При пораѓајот на мајката на Сталоне лекарот користел акушерски форцепс, а нервите на левата страна на лицето, му биле уништени, оставајќи го со искривена уста. Приказната продолжи кога Сталоне ослабел за улогата на Роки, што ја направило оваа карактеристика на лицето позабележителна. Потоа му станало јасно дека може ова да го промени само со операција.

Џош Хачерсон

„Само што направив операција за да го поправам скршениот нос …“, беше дел од пораката објавена од актерот на „Игри на гладните“ на Твитер во 2012 година. Хачерсон направил операција за да го поправи оштетениот септум.

Енрике Иглесијас

Фановите кои го следат Енрике Иглесијас уште од неговите рани денови знаат дека Шпанецот имал бенка на лицето. Иглесијас отишол кај специјалист за да ја отстрани во случај да стане канцерогена. Постапката не е направена од естетски причини, туку од здравствени, и траела само 5 минути.

Џин Симонс

Рок sвездата е фанатик за пластична хирургија, на која е подложен заедно со неговата сопруга Шенон Твид. Досега, тој ги подигна своите јаболчници, ги дотера очните капаци и направи липосукција, меѓу другите процедури.