Познатиот актер Овен Вилсон плаќа 25.000 долари месечно за ќерка која не ја запознал
Ѕвездата на „Марли и јас“ Овен Вилсон, плаќа 25.000 долари месечно за својата ќерка која што никогаш не ја запознал.
51-годишниот актер го добил бебето Лајла Арања Вилсон со неговата поранешна девојка Варуни Вонгсивиратес со која бил во врска со прекини во тек на 5 години. Сепак тие се разделиле пред да се роди неговата ќерка.
Бебето е родено минатиот октомври, иако Варуни поднела петиција за татковство на суд во мај 2018 година додека била бремена. Вилсон одговорил во јули и одлучил дека не сака никакви права за посета, објаснувајќи дека тој не е „сигурен“ дали е таткото. Тој побарал и ДНК и резултатите го потврдиле неговото татковство.
По раѓањето на Лајла родителите спогодбено се договориле Овен да ѝ плаќа на поранешната за бебето 25.000 месечно заедно со исплатата на еднократна сума од 70.000 долари за да се покрие ноќна медицинска сестра, тренер за породување и правни такси.
Вилсон, исто така, се согласи да ја додаде својата ќерка во медицинското осигурување на актерите, иако според договорот, мајката ги донесува сите одлуки за здравјето, образованието и благосостојбата на нивната ќерка. Правните документи исто така наведуваат дека ниту еден родител не смее да „прави омаловажувачки и/или навредливи забелешки за другата страна или нивните значајни други лица, доколку ги има, во присуство на малолетното дете“.
35-годишната Варуни вели дека иако таа е задоволна што го има целосното старателство, сака и Овен малку да се вклучи во животот на нивната ќерка бидејќи тој сѐ уште ја нема запознаено. „Овен никогаш не ја запознал Лајла. Никогаш. На Лајла ѝ треба татко. Иронично е како [Вилсон] продолжува да ги игра овие улоги на татко, тој игра татко во неговиот нов филм и никогаш не ја запознал својата ќерка.“, вели Варуни.
Вклучувајќи ја и Лајла, Вилсон е татко на три деца, секое со различна жена. Тој го дели своето најстаро дете, осумгодишниот Роберт Форд, со поранешната девојка Џејд Дуел и второто дете, петгодишниот Фин, со фитнес тренерот Каролин Линдквист. Тој е вклучен во животите на своите два сина, па сѐ уште не е јасно зошто не сака да оствари контакт со своето трето дете.