Познатиот готвач, Гордон Ремзи, „смени“ кариера и карактер: Отсега е во нова улога на мирен фармер во познатата игра „Hay Day“ на „Supercell“

Гордон Ремзи, некогаш познат по својот бурен темперамент, пронајде нова улога во популарната игра „Hay Day“, позната по својот смирувачки ефект додека играчите ја градат својата фармерска идила. Шефот-готвач се појавува во комично видео каде што тврди дека ги оставил зад себе своите бурни избувнувања и ја открил внатрешната хармонија.

 

 

Ремзи отиде чекор понатаму, извинувајќи им се на поранешните натпреварувачи од неговите ТВ шоуа за навредите што ги изговорил. „Hay Day“ е бесплатна игра достапна за преземање на iOS и Android уреди, а Ремзи ќе биде дел од играта од 15 до 24 јануари.

Во оваа соработка, Гордон Ремзи го презема ликот на еден од омилените карактери на „Supercell“, заменувајќи го „Грег“, кој е „на риболов“. Во текот на овој период, Ремзи ќе им помага на играчите во управувањето со фармите, со нови настани и функции кои ќе ја збогатат играта.

 

 

Во едно хумористично видео, Ремзи открива како постигнал внатрешен мир играјќи ја оваа игра, откако пробал други методи како афирмации и дигитален детокс. Тој вели: „Познат сум по многу нешта, но не и по тоа што сум смирен. Она што луѓето не го знаат е дека благодарение на „Hay Day“, најдов нова смиреност додека собирав посеви и хранев животни”.

Менаџерката на „Hay Day“, Маја Хофри, изјави: „Од секогаш знаевме дека „Hay Day“ е место на релаксација и мир, дури и за еден од најжестоките карактери во забавната индустрија! Едвај чекаме играчите да го запознаат виртуелниот Гордон Ремзи и да се забавуваат создавајќи ја својата фармерска утопија.“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *