Познатиот канадски музичар, 24-годишниот Шон Мендес, полугол оди на планинарење со својата 51-годишна девојка
Шон Мендес и неговата девојка за која се шпекулира, д-р Џоселин Миранда продолжија да ги поттикнуваат гласините за нивната романса.

24-годишниот пејач на Stitches без маица и со широка насмевка излезе на прошетка со Џоселин Миранда. За нивното опуштено излегување на источниот крај на планините Санта Моника, трикратниот номиниран за Греми носеше црни шорцеви, соодветни чорапи и патики.



Пред да се впуштат во нивната авантура на отворено, поп-ѕвездата и лиценцираната докторка, која работеше со тони спортисти и познати личности во текот на нејзината 20-годишна кариера, одеа рамо до рамо до патеката од нивниот автомобил. Миранда ја покажа својата спортска шик фигура во црни хеланки и маица со деколте.


Двојката, која за прв пат ги поттикна гласините за нова романса минатата година во јули, откако заедно ручаа, беа видени како уживаат и постојано се насмеани на нивниот тренинг.

На почетокот на овој месец, неразделното дуо присуствуваше на последна забава на Греми, а таа минатиот месец го посети неговиот дом во Западен Холивуд. Миранда првпат почна да работи со Шон во 2018 година, а исто така таа беше присутна и за време на неговата турнеја во 2019 година. Работела со други ѕвезди како холивудскиот пар Џастин и Хејли Бибер, а исто така и со супермоделот Кендал Џенер.
Таа сподели голем број фотографии на кои е со Шон низ годините на сопствената страница на Инстаграм. Сепак, во текот на летото, двајцата беа видени на ручек и оттогаш постојано предизвикуваат шпекулации.

Коментирај анонимно