Познатиот рапер Тимбаленд ослабна неверојатни 60 килограми, откако сонувал страшен кошмар

Познатиот продуцент и рапер Тимбаленд се отвори за тоа како тој си наметнал себеси да ги постигне своите цели за фит тело и неговата сопствена мотивација е прилично застрашувачка.

Тимбаленд чие вистинско име е Тимоти Мозли во изминатиот период не беше во добра здравствена форма, но сега сетоа тоа се смени, надминувајќи ја својата зависност од лекови и напорно работејќи да го доведе своето тело и ум во совршен ред.

Зависноста од лекови прптив болки на Тимбаленд му предизвикувала чувство на „магловитост“ и „отапување“ така што тој не сакал да прави ништо во животот, а килограмите се насобирале, а развил и предијабетес, состојба на зголемено ниво на шеќер во крвта, но не доволно за да се класифицира како дијабетес.

Тој знаел дека нешто треба да се смени и се исплашил доволно за да го промени животот откако доживеал застрашувачки кошмар за неговата смрт. „Сонував дека смртта се наближува. Се видов себе со бело лице.“, објаснува тој.

Така Тимбаленд почнал полека да се одвикнува од апчињата кои се добиваат на рецепт и одвикнувањето го опишува како најтешката работа во животот, а потоа почнал да оди и в теретана. Кога прв пат почнал да вежба имал 160 килограми и првите тренинзи му биле неверојатно болни, затоа што неговото тело одамна не било во форма.

Сепак, неговиот нов фитнес режим се исплати и тој изгуби извонредна тежина, од 60 килограми и разликата е забележлива. Тој сака да продолжи со здравиот начин на живот и да служи како пример и инспирација за сите што се нашле во сличен „темен момент“ во животот.