Познатите актери Дени де Вито и Двејн Џонсон (Рок) упаднаа на венчавка за да пеат караоке

Огромниот Двејн Џонсон и минијатурниот Дени де Вито ја споија својата смисла за хумор и решија да направат нечиј посебен ден уште поинтересен. Тие упаднаа на венчавка за прв пат во нивните животи.

Двајцата актери снимале сцени во Мексико за нивниот нов филм „Jumanji: The Next Level“ и по еден напорен ден пиеле и уживале во зајдисонцето. Но, одеднаш слушнале врева и сфатиле дека има свадба, тогаш решиле малку и тие да се забавуваат. Младенците Кристин и Вил биле пријатно воодушевени од познатото дуо.