Познатите бомбони „Скитлс“ со „тајно“ променет рецепт, откако Роберт Кенеди Јуниор ги обвини за користење канцерогени состојки
Компанијата Mars Wrigley тивко го отстрани контроверзниот адитив титаниум диоксид од составот на Skittles во САД, откако извештај од новоформираната комисија „Make America Healthy Again“, предводена од Роберт Ф. Кенеди Јуниор, предупреди на потенцијалните генотоксични и канцерогени својства на ова соединение. Извештајот посочува дека титаниум диоксид може да предизвика оштетување на ДНК и клетките, особено кај децата, кои се изложени преку бомбони, закуски и сосови.
Причина за загриженост
Титаниум диоксид долго време се користеше за добивање на светли, непроѕирни нијанси во преработени намирници, но Европската унија веќе во 2022 година ја забрани неговата употреба, повикувајќи се на бројни истражувања на Европската агенција за безбедност на храна. Иако Mars Wrigley изјави дека нивните производи се безбедни и усогласени со глобалните стандарди, промената беше направена без јавна најава, што според критичарите укажува на сериозноста на загриженоста.
Овој потег предизвика зголемен притисок врз другите производители да го ревидираат користењето на титаниум диоксид, кој сѐ уште се наоѓа во над 4.300 прехранбени производи во САД – особено во бомбони и грицки.
Се најавуваат и други слични мерки
Покрај ова, Кенеди Јуниор започна и кампања против вештачките бои на база на нафта, како Red 40, Yellow 6 и Blue 1, кои се поврзуваат со хиперактивност, оштетување на ДНК и зголемен ризик од тумори. Неколку сојузни држави, меѓу кои Калифорнија и Западна Вирџинија, веќе донесоа закони за нивна забрана, а слични мерки се разгледуваат во уште најмалку 30 држави.
Со ова, борбата за подобра контрола на адитивите во храната станува сѐ погласна, со акцент на транспарентност и безбедност за потрошувачите, особено децата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно