Познатите мажи кои се колнат дека јадат само ЕДЕН оброк на ден! Тврдат дека се избориле со средовечната дебелина благодарение на екстремниот „фастинг“ – па колку е безбедно?

Многу познати личности се колнат во „фастингот“, односно јадење еден оброк во денот. Тоа е една од омилените диети на Холивуд вклучувајќи ги Џенифер Анистон и Марк Волберг.

Но, сега, на страв од диететичарите ширум планетата, постои уште поекстремна верзија на „фастингот“ што ја преземаат оние кои сакаат да изгубат тежина – диетата OMAD (one meal a day) односно „еден оброк на ден“. Фронтменот на „Coldplay“ Крис Мартин, рокерот Брус Спрингстин, поранешниот фудбалер Гери Линекер и уште многу други личности почнуваат да ја применуваат оваа диета.

Крис Мартин, се заколна во тоа откако дознал за диетата од легендарниот рокер Брус Спрингстин.

 

 

Поддржувачите на OMAD велат дека може да ја зголеми продуктивноста, да ја подобри меморијата и сознанието, сите клучни вештини за секој што сака да се искачи на скалилата во кариерата.

Еден човек, Валтер Гевара, дури тврдеше дека диетата му носи „засилено чувство за фокус и јасност“. Други тврдат дека тоа им дава „ментална јасност“, „конзистентни нивоа на енергија и фокус“ ​​и ги подобриле нивните „когнитивни способности“. Друга жена, Аманда Пјотровски, изјави за Women’s Health дека диетата ја направила „чиста“ и „енергична“.

Но, не постои наука која ќе ги докаже некој од овие ефекти, сугерираат експертите. Иако тоа е популарен тренд на диети, кој стана познат во раните 2010-ти, експертите долго време беа поделени околу заслугите на периодичниот „фастинг“.

ОМАД стана познат од манекенката/актерка Лиз Харли во раните 200о-ти, на која и се восхитуваа поради нејзината фигура која ѝ пркоси на возраста, што пробуди завист кај жените. Сега 57-годишната жена признала дека се ограничила на само еден оброк дневно откако го родила синот Демијан во 2002 година, признавајќи дека „си легнувала гладна“.

 

Но, оттогаш, ОМАД привлече масовна привлечност кај мажите, особено кај Крис Мартин, кој станал љубоморен на неверојатната фигура на 73-годишниот Брус Спрингстин.

Откривајќи ја својата навика во исхраната за време на појавувањето на подкастот на Конан О’Брајан, „Needs A Friend“, 46-годишникот рече: „Всушност повеќе немам вечера. Престанувам да јадам во 16 часот и тоа го научив од ручекот со Брус Спрингстин“.

 

 

Поранешниот фудбалер Гери Линекер (62), исто така откри дека „навистина јаде само еден главен оброк на ден“.

 

   

Многу поддржувачи на OMAD инсистираат дека тоа им помага полесно да управуваат со нивната тежина и да се одржат во форма. Но, експертите предупредуваат дека само конзумирањето на еден оброк дневно би можело да предизвика посебни здравствени проблеми и токсични обрасци на исхрана.

Спортската нутриционистка Абигејл Робертс рече: „Доколку оброкот не ги содржи сите потребни хранливи материи и калории што му се потребни на телото, веројатно нема да биде здрав пристап кон исхраната, особено ако се прави во подолг период“.

Истражувањата покажаа дека консумирањето само еден оброк дневно може да доведе до несоодветен внес на хранливи материи, предизвикувајќи недостатоци кои може да доведат до разни здравствени проблеми како што се замор, ослабен имунитет и нарушена когнитивна функција.

„Дополнително, јадењето еден оброк дневно може да го зголеми ризикот од прекумерно јадење за време на тој оброк, предизвикувајќи дигестивни непријатности, како што се надуеност и запек. Наизменичниот „фастинг“ има придобивки „за некои луѓе“, прифати госпоѓица Робертс.

Но, таа ги повика сите што сакаат драстично да ја намалат тежината – тема во овој период од годината кога многумина се обидуваат да бидат во форма за лето – да го известат својот лекар.

Диететичарот и портпарол на Британската диететска асоцијација, д-р Линија Пател, исто така изјави: „Какво и да е губење на тежината или здравствени придобивки што ги гледате од диетата ОМАД, веројатно ќе бидат краткотрајни. Нејадењето 23 часа веројатно ќе доведе до недостаток на енергија, замор, неконтролирана желба и нарушување на навиките на дебелото црево“.

Таа додаде: „Оваа диета не е диета која би ја препорачала бидејќи е премногу рестриктивна, може да доведе до нарушено јадење. Постојат некои позитивни истражувања околу „фастингот“ воопшто, кои покажуваат дека кога се прави во правилен контекст може да помогне во губење на тежината и да помогне во спречување на хронични болести. Ако сакате да пробате периодичен „фастинг“, барем одете со методот 16:8, според кој постите 16 часа, а јадете осум. Тоа не е за секого, но тоа е многу поизбалансиран пристап. Разговарајте со диететичар за повеќе приспособена поддршка“.

Додека пак д-р Аманда Ејвери, вонреден професор по исхрана и диететика, на Универзитетот во Нотингем рече: „Има уште многу што не знаеме за тоа. Исто така, важно е да се забележи дека иако оваа диета може да работи за познатите личности, тие исто така имаат пристап до нутриционисти, висококвалитетни диети и додатоци каде што е потребно. За повеќето од нас, овој вид на диета може да биде неодржлива – и потенцијално штетна на долг рок“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *