Прабаба покажа способности на професионален голфер и си освои нов автомобил

Мери Ен Вејкфилд присуствувала на кошаркарски натпревар со семејството на Универзитетот во Мисисипи. На полувремето бил организиран натпревар. 84-годишната прабаба се пријавила. Целта била играње на голф, односно да ја погоди дупката од прва која се наоѓала на другиот крај од теренот.

Успехот на Мери Ен бил награден со нов 2020 Nissan Altima и таа стана голем хит на социјалните мрежи. Пензионерката е мајка на 7 деца, баба и прабаба. Иако тимот на кој навивала Мери Ен таа вечер изгубил, сепак бабата и добила нешто вредно.