Прашање од комшијата (виц)
Се среќаваат двајца комшии во ходникот на зградата. Едниот излегува од зградата, а другиот се враќа од работа. Тој што излегува прашува:
– Здраво Ване, од работа а? Абе да ти прашам нешто?
– Прашај комши.
– Што ќе направиш ако ја фатиш жена си со друг маж во кревет?
– Не знам, не сум размислувал на таа тема.
– Е па размисли, да не влезеш неподготвен.