Пратеничка од Нов Зеланд со велосипед отишла во болница за да се породи

Пратеничката од Нов Зеланд, Џули Ен Гентер, со велосипед отиде во болница за да го роди своето второ дете.

Во недела, на 28 ноември, во 3.04 часот, политичарката од Зелената партија се породила еден час откако отишла во болница на велосипед.

Гентер се огласи на Фејсбук за да го објави пристигнувањето на најновиот член на нејзиното семејство, шегувајќи се дека додека се возела до болница на велосипед за да го роди своето прво дете, не планирала тоа да го направи и за второто, но на крај, токму тоа се случило.

Откако го напуштила својот дом во 2 часот наутро, на Гентер и биле потребни 10 минути за да сигне до болница, според нејзината објава на социјалните мрежи.

Таа сподели:

„Моите контракции не беа толку лоши кога тргнав накај болницата во 2 часот по полоќ, иако малку се зачестија додека пристигнав 10 минути подоцна. Сега имаме здраво, среќно малечко што спие, како и нејзиниот татко“.

Покрај споделувањето фотографии од искуството, Гентер изјави колку „благословено“ се чувствува што имала таква „одлична грижа и поддршка од одличен тим“, нарекувајќи го раѓањето „многу брзо“ и „некомплицирано“.