Правењето деца е како сообраќајот (виц)

Жена оди на гинеколог со мажот. Докторот внимателно гледа на ехо, мажот застанал до него и тој зјапа во екранот. После кратко време докторот му вели на мажот:
– Го гледате ли ова?
– Да.
– Е па честито! Ќе станете татко!
– Ама тоа не е можно, јас толку многу внимавав.
Докторот го потапкува по рамото и со насмевка му вели:
– Тоа пријателе ти е како во сообраќајот – ти може си внимавал, ама другите – не.