„Правилото на јадење 4 залци“ е тоа што ќе ви помогне да го постигнете вашето тело од соништата и да не се прејадувате со благо

Експерт за фитнес го сподели правилото за јадење десерти за кое вели дека е „промена во животот“ за оние кои го пробале.

 

 

 

Линдзи Метјуз, експерт за метаболизам и хормони, специјализирана за женско здравје и фитнес, редовно споделува совети кои лесно се следат на интернет. А неодамна таа го воодушеви боди билдерот Бред Џенсен кога му кажа за нејзиното правило за јадење десерти со „четири залци“.

„Јадеш околу четири залци десерт и потоа се откажуваш“, резимира таа.

„Првиот залак е највкусен, вториот е ептен добар, третиот е прилично добар, но не толку добар како вториот – и четвртиот е добар, но не толку добар како првиот“.

 

 

Линдзи Метјуз рече дека секојдневното јадење вака може да им помогне на луѓето да ја контролираат својата желба за храна.

„Мислам дека кога се обидувате целосно да откажете од нешто, само се терате да сакате повеќе. Така, јас се залагам за умереност и вклучување на вашата омилена храна во мали количини“, рече таа.

Омилено благо на Линдзи е нешто што се нарекува „пизуки“, свежо печено колаче прелиено со голема топка сладолед.

Други инсистираа дека четири залци не се доволни кога станува збор за некои десерти.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *