Пред 13 години почнав да се подготвувам за крајот на светот, собирам храна што не се расипува, а еве што и како ќе готвам за Божиќ

Девојка откри како оваа Божиќна сезона ќе ја прехрани својата фамилија со минимални трошоци, користејќи скоро истечени продукти од нејзината обемна залиха.

 

 

 

Роун МекКензи, 40-годишна жена од САД, е позната по своите совети за подготовка за секој вид катастрофа, вклучително и за крајот на светот. Таа започнала да прави залихи пред 13 години, фокусирајќи се на долготрајни основни продукти како грав и ориз. Со текот на времето, научила како да зачувува храна, обезбедувајќи најголемиот дел од залихата да биде употреблив уште најмалку 25 години.

 

 

 

Благодарение на нејзиниот „совршен“ систем на ротација, Роун минимизира отпад, а голем дел од тие продукти ги користи за празничните оброци. Таа објаснува: „Обично за празниците вршам ротација на залихите. Користам продукти што одговараат на празничниот оброк, а воедно истекуваат наскоро, и така ослободувам простор за нови“.

 

 

Нејзината залиха, вредна над 350.000 долари, вклучува скриен подземен бункер во подрумот. Благодарение на ова, трошоците за храна за Божиќ се минимални.

„Обично трошам само 50 долари за храна за целата фамилија, која брои околу 15 луѓе“, вели Роун.

 

 

Таа изрази благодарност што претседателските избори ѝ овозможиле пауза од итното складирање продукти и сподели совет за сите: „Најважно е да не паничите. Направете список, планирајте и подгответе се. Нема поголемо чувство од сигурноста дека вашето семејство е заштитено“.

Иако нејзините пријатели и фамилија ја сметаат за ексцентрична, Роун уверува дека, кога ќе дојде време, нејзината подготвеност ќе биде непроценлива.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *