Пред 75 години, на овој ден, бизарен феномен предизвика пукање на прозорците во овој мал град

Зимското време на Блек Хилс секако може да биде непостојано, но на 22 јануари 1943 година дивите промени во температурата поставија светски рекорд. Во третата недела од јануари 1943 година, малото гратче Сперфиш в Јужна Дакота, САД, доживуваше ладни температури од -20 степени откако се смести арктичката зима.

Утрото на 22 јануари, околу 7:30 часот наутро, ветровите Чинук се спуштија од врвот на Блек Хилс, во Сперфиш загревајќи ја температурата од – 20 степени Целзиусови до +7 степени Целзиусови, за само две минути. Драстичната промена на температурата за само две минути постави светски рекорд кој и денес останува ненадминат.

Температурната промена за само 2 минути беше неверојатна. Рекордот ја шокираше Националната метеоролошка служба. Температурата продолжи да се искачува, а до 9 часот наутро станала +12 степени. Кога Чинукс згаснал само неколку часа подоцна, арктичкиот воздух се врати и температурите повторно почнале да паѓаат да паѓаат и се вратиле на -20.

Падот од 58 ° F или 32,2 ° C траел само 27 минути. Ненадејната промена на температурите предизвикала пукање на прозорците на домовите, а ветробранските стакла веднаш замрзнале. Екстремните зимски максимуми во областа се неверојатно топли со оглед на географската ширина и надморска височина; на 19 јануари 1921 година во градот температурата била +26 ° C , што е најжешка температура во јануари во Јужна Дакота.