Пред да прегазите шатор со булдожер обавезно проверете дали има некој внатре

Еден човек е пренесен во болница, откако шаторот во кој живеел бил прегазен од булдожер со кој управувале работници што расчистувале логор на бездомници.

Наводно, неименуваниот маж бил слушан како „вреска“ од внатрешноста на шаторот, додека бил заробен внатре.

По инцидентот, што се случи во Вашингтон, на 4 октомври, се огласи портпаролот на градскиот оддел за здравство и човечки услуги.

Портпаролот рече дека човекот не претрпел „видливи повреди“, но бил однесен во болница за да биде соодветно прегледан.

Официјалните лица рекоа дека пред да започне работата за отстранување на кампот, секој шатор бил проверен за да се осигураат дека никој не останал внатре. Меѓутоа, еден бездомник присутен на местото тврди дека работниците почнале да ги расчистуваат шаторите пред да направат какви било проверки.

Очевидци тврдат дека оние што управувале со машината не можеле да ги слушнат вресоците, затоа морале оние кои го набљудувале процесот на расчистување да притрчаат и да му помогнат на човекот.

„Преку улица, го слушнавме човекот како вика, но тие не го слушнаа иако беа веднаш до него“ рече еден набљудувач.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!