Пред и потоа фотографии од луѓе кои решиле својата коса да ја донираат за болните од рак
Ако сакате да го промените изгледот, а се двоумите барем направете го тоа за хумани цели. Периките од природна коса можат да им ја вратат самодовербата на многу деца и млади болни од рак, алопеција и други медицински состојби. Хејли Причард, фризерка од Ливерпул, Велика Британија, смета дека зголемениот публицитет за донирањето на косата охрабрува повеќе клиенти да го изберат тој пат.
„Во последниве години, луѓето можеби правеа голема промена на косата, но првично не би размислувале за донирање на таа коса. Сега, со рекламирање и кревање свесност тоа е многу попопуларно“, вели таа. Погледнете ги пред и потоа фотографиите од задоволните луѓе, кои направиле многу поголема промена од нивната фризура.