Пред некое време сподели дека е во „најлошата форма во својот живот“, но сега славниот глумец ни покажува како да се вратиме во добра форма на 50-годишна возраст

Вил Смит ги намалува вишокот килограми што ги накачи за време на карантинот за нова документарна серија, а сега ѕвездата споделува дел од неговиот пат да биде во „најдобрата форма во неговиот живот“.

Во видеото на Инстаграм, Смит сподели серија клипови како крева тегови и користи различни машини во теретана, додека се подготвува да започне нова документарна серија од шест дела на Јутјуб за неговото фитнес патување.

Во приказната со која многумина од нас дефинитивно можат да се поврзат, Смит претходно призна дека сето време поминато дома во изминатата година, доведе до тоа да јаде многу повеќе, и речиси воопшто да не вежба.

Фановите дефинитивно се поврзаа со неговата приказна особена откако, 53-годишниот актер објави фотографија и напиша “јас сум во најлошата форма во мојот живот“.

„Ова е телото што преживеа низ целата пандемија и безброј денови прејадување во мојата кујна“, напиша тој. „Го сакам ова тело, но сакам да се чувствувам подобро. Нема повеќе колачиња на полноќ … ова е тоа! Ќе бидам во НАЈДОБРАТА ФОРМА ВО МОЈОТ ЖИВОТ !!!!!“

И додека Смит изгледа дека ги чува фотографиите „пред и потоа“ за самата серија, судејќи според видеото што го сподели со фановите, тој дефинитивно вложува напор.