Предавството на нашите деца: Карантинот ја уништи обичната детска радост и ќе остави трајни последици, заклучи официјалната истрага за пандемијата на Ковид
Детството беше ставено на пауза со карантините за време на Ковид, се наведува во остриот официјален извештај објавен во четвртокот. Младите животи беа трајно нарушени и покрај тоа што „огромното мнозинство“ од децата беа имуни од смртоносниот вирус. Нивното образование и благосостојба беа жртвувани за спас на повозрасните.

Содржина:
- Баронесата Халет: „Затворањето на училиштата и градинките ги прекина обичните детства за да се заштитат возрасните“
- Владата ги затвори училиштата на 18 март 2020: Најголемата грешка која само минимално го намали ширењето на Ковид
- Децата беа жртвувани за сметка на возрасните:
- Неподготвеност и споро реагирање на властите доведе до изгубени животи и непоправлива штета во општеството
Бароницата Халет: „Затворањето на училиштата и градинките ги прекина обичните детства за да се заштитат возрасните“
Во својот строго критички извештај, Бароницата Халет, претседател на Истрагата за Ковид-19, изјави: „Затворањето на училиштата и градинките во почетокот на 2020 беа чекори преземени за заштита на возрасната популација – тие го прекинаа обичното детство.” Таа додаде: „За повеќето деца, затворањето на училиштата, неможноста да се видат пријателите и барањето да останат дома беа со длабоки последици.“
Наставниците и родителите сега се соочуваат со деца кои споро ги достигнуваат клучните развојни фази, поради огромното влијание на карантинот од 2020 година. Во својот извештај за уништувачките ефекти на пандемијата, бароницата Халет заклучи: Децата ќе ги чувствуваат трајните последици од карантините. Како што се наведува, нивното детство било всушност стопирано.

Владата ги затвори училиштата на 18 март 2020: Најголемата грешка која само минимално го намали ширењето на Ковид
На 18 март 2020, Владата ги затвори училиштата за поголемиот дел од учениците како дел од националните мерки за затворање. Професор Патрик Валанс, главен научен советник, изјави дека овој потег го намалил бројот на случаи само за околу 10%.
Бароницата Халет остро ја критикува Владата: „Ниту една влада во Обединетото Кралство не беше подготвена за огромниот предизвик да ги едуцира своите деца дома или да ги менаџира комплексните последици од затварањето на училиштата врз детските животи.” Др. Сали Холанд, поранешен комесар за деца на Велс, изјави: „Ако ја пропуштите можноста за развој на рани вештини, потоа можеби тешко ќе се надополни тоа.“
Децата беа жртвувани за сметка на возрасните:
Џејкоб Рис-Мог, кој беше дел од кабинентот во време на пандемијата, рече: „Мое мислење е дека кога знаевме дека децата не се изложени на ризик од Ковид, немавме право да им забраниме да се дружат. Многу посмирено ќе беше ранливите да се заштитат, а децата да си живеат нормално.” Сер Кер Стармер додаде: „Треба да ги научиме лекциите од Ковид и затоа внимателно го разгледуваме овој извештај.“

Неподготвеност и споро реагирање на властите доведе до изгубени животи и непоправлива штета во општеството
Бароницата Халет го опиша февруари 2020 како „изгубен месец“ во кој Обединетото Кралство можело да се подготви и да спаси десетици илјади животи. Таа истакнува: „Ако Обединетото Кралство беше подобро подготвено, ќе беа спасени повеќе животи, социо-економските трошоци ќе беа значително помали, а одлуките што ги донесуваа политичарите ќе беа многу поедноставни.“ Таа додаде: „Додека карантините од 2020 и 2021 сигурно спасија многу животи, тие оставија и трајни лузни во општеството и економијата, го прекинаа обичното детство, ги одложија дијагнозата и терапијата за други болести и ги разгореа нееднаквостите.”
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно