Предлог за брак што треба да оди директно во ѓубре: „Требаше да го снимам запросувањето на мојата пријателка, но не можев- имав добра причина“
Една девојка оваа недела се појави на платформата „Тикток“ за да сподели снимка од предлог за брак, што според неа треба да оди директно во ѓубре.
„ПОВ: Не требаше да ми се верува за да го снимам предлогот за брак на мојата пријателка“, напиша Мери Досон во текстот над нејзиниот клип, кој привлече 17,8 милиони прегледи откако беше објавен во неделата.
На видеото кое трае 19 секунди се гледаат две лица кои стојат во двор држејќи се за раце.
Додека човекот посегнува во џебот, камерата се спушта кон ракун кој се крие зад оградата. Кога камерата ќе се врати кај парот, тие веќе се прегрнати.
„Го пропуштив целиот дел кога клекнува. Не грижете се, таа не беше лута!“ забележа Досон.
Gluposti pisuvate be luge, svesni li ste?!
Коментирај анонимно