Предупредување за сите оние кои спијат со вклучена клима преку ноќ: Внимавајте да не завршите како оваа Британка
Иако горештината можеби ве тера да посакате ладен ноќен сон по секоја цена, треба да бидете внимателни со тоа да ја оставите климата вклучена преку ноќ.
Искушението е големо да ја оставите климата вклучена, но една Британкa која завршила во болница поради спиење со вклучена клима додека била на одмор, испрати предупредување до другите за да не ја направат нејзината грешка.
24-годишната Лиана Фостер била на семеен одмор во Турција кога се разбудила со болно грло. Следниот ден се разбудила чувствувајќи се „уморно“ и нејзината мајка забележала бели точки на крајниците.
По посета на болница, Лиана била дијагностицирана со тонзилитис, а докторите рекле дека најверојатната причина за нејзината болест била климата. Таа поминала пет часа од скапоценото време за одмор на инфузија и од тогаш е на терапија.
Тонзилитис е воспаление на крајниците. Крајниците играат улога во имунолошкиот систем, помагајќи во борбата против инфекции. Кога тие самите ќе се инфицираат, може да доведе до воспаление и други симптоми. Проблемот е кога ќе навлезе во крајниците и ќе почне да се спушта по грлото, ако не се третиа, инфекцијата може да стигне до срцето или други органи.
„Се чувствував многу уморно и ме болеше грлото. Не можев да јадам или пијам. Мислев дека повторно е ковид. Температурата ми беше висока, телото ми болеше. Отидов во болница и рекоа дека имам многу тежок случај на тонзилитис. Рекоа дека тоа може да се случи од климата. Последните неколку дена од одморот беа многу досадни.“
Лиана објасни дека првата ноќ од нивниот одмор ја имале климата вклучена и мисли дека дишела повеќе низ устата.
Климата навистина може да циркулира воздух со лош квалитет низ собата и да шири болести, па внимавајте. Според нејзините доктори кои рекле дека климата била веројатен виновник за нејзиниот тонзилитис, тие ѝ рекле дека „мувлосан воздух“ можеби циркулирал додека спиела.
Лиана рече: „Не можев да земам орални антибиотици, па морав да добивам инекции три дена и по два пати на ден. Бев во многу болка. Верувам дека ако не спиевме со климата вклучена, ќе беше во ред. Ако бактериите патуваат надолу низ грлото, можат да стигнат до срцето и другите органи.“
Затоа внимавајте ако планирате да ја оставите климата вклучена преку ноќ.
Вашиот најдобар избор е да ја оладите спалната соба пред да легнете, па затворете ги завесите за да спречите печење од сончевата светлина и држете ги прозорците затворени преку ден за да спречите влегување на топол воздух.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно