Предвидувања на „Кинескиот Нострадамус“: Трамп ќе ја започне војната со Иран и тоа ќе го донесе најцрното сценарио за светот

Професорот Сјуеќин Џијанг, познат како „Кинескиот Нострадамус“, прецизно предвиде дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во 2024 година и ќе започне војна со Иран. Но, неговото најново предвидување внесува уште поголем страв за иднината на светот. Популарниот професор од Пекинг со години наназад објавува предавања и анализи кои се покажаа како точни, а неговата видеолекција „Иранската Замка“ стана вирална по ескалацијата на тензиите во Блискиот Исток.

Предвидувања на „Кинескиот Нострадамус“: Трамп ќе ја започне војната со Иран и тоа ќе го донесе најцрното сценарио за светот

Кој е професорот Сјуеќин Џијанг и како ги прави своите предвидувања?

Сјуеќин Џијанг е образовен професор и писател од Пекинг кој е член на истражувачкиот тим на Харвард за Глобалната иницијатива за образовни иновации. Тој напиша книга за реформа во образованието и организираше престижни програми за студии во странство во водечки кинески училишта. За да ги сподели своите анализи и предвидувања, тој бесплатно објавува предавања на YouTube и Substack во серијата Predictive History.

Кој е професорот Сјуеќин Џијанг и како ги прави своите предвидувања?

Војната започна: Трамп и Нетанјаху го нападнаа Иран поради пропаднати дипломатски преговори

По драматичниот неуспех на дипломатските обиди, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху започнаа масивен воен напад врз Иран со цел да ги уништат нуклеарните капацитети на земјата. Воената интервенција предизвика жестока одмазда од Иран, кој возврати со напади врз бази со американско воено присуство ширум Блискиот Исток. Во истите напади беше убиен и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хозеини Хаменеи. Целиот регион е во состојба на страв од избувнување голема војна.

Војната започна: Трамп и Нетанјаху го нападнаа Иран поради пропаднати дипломатски преговори

Џианг го најави конфликтот во своето предавање „Иранската Замка“: Америка ќе се заглави во иранските планини

„Ако Трамп освои втор мандат, најверојатно би размислил за инвазија на Иран. Иако почетната инвазија би изгледала успешна, американските сили бргу би се заглавиле во планинскиот терен на Иран“, пишува Џианг во описот на своето видео. Според него, Трамп би ја оправдал војната со потребата да донесе демократија и да ги уништи иранските нуклеарни капацитети. Токму ова го слушнавме и во видео-пораката на Трамп по почетниот напад на 28 февруари: „Политика на Соединетите Американски Држави отсекогаш била дека овој терористички режим никогаш не смее да добие нуклеарно оружје. Ќе повторам – тие никогаш не смеат да го имаат“.

Три сили го туркаат САД во војна

Професорот ги идентификува три главни сили кои ја тераат Америка кон војна со Иран. Прво е израелското лоби, посебно организацијата AIPAC, која, како што вели Џианг, сака војна на Блискиот Исток за да ги унапреди своите интереси. Вториот фактор е желбата на Америка да остане светска империја, „бидејќи тоа значи лесни пари, а целокупниот светски капитал мора да оди преку САД“. Третата сила е конфронтацијата меѓу Иран и Саудиска Арабија, кои долги години војуваат индиректно преку различни вооружени групи. „Овие три сили се манифестираат преку Трамп – тој е нивниот шампион. Не е тајна дека зетот на Трамп, Џеред Кушнер, е пријател и на Нетанјаху, а татко му беше голем донатор на AIPAC,“ подвлече професорот.

Најава за целосна американска инвазија на Иран во 2027 година со сојузници од Европа, Блискиот Исток и Австралија

Во своето предавање, Џианг предвидува дека во март 2027 година, Трамп ќе започне целосна американска инвазија на Иран во партнерство со Израел, Саудиска Арабија, како и со поддршка на Велика Британија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и Полска. Тој смета дека објавата ќе биде пренесена во живо, а Трамп ќе ја оправда инвазијата изјавувајќи дека иранскиот народ сака демократија и слобода. Американскиот наратив ќе биде „ослободување“ на Иранците и елиминирање на нуклеарните закани.

Професорот предвидува пораз: Америка ќе ја изгуби војната со Иран, а сојузниците ќе ги принудат на очајнички потези

Во една неодамнешна медиумска изјава, Џианг повтори дека стои зад своето предвидување дека САД ќе изгубат војната, бидејќи Иран има значително повеќе предности. Според него, Иран долго време се подготвува за ваков конфликт, главно користејќи ги своите прокси-сили како Хезболах и Хамас. „Американската војска не е дизајнирана за војување во 21 век. Нејзината стратегија е само за демонстрација на сила, но тоа не е одржливо. Најголемата катастрофа за Америка би било испраќање копнени трупи“, вели Џианг. Тој смета дека дури и сојузниците – Саудиска Арабија и Катар – би ја турнале Америка или да упати копнени трупи во Иран, или да се обиде да го поткупи Иран да запре со нападите. Ако дојде до тоа, Трамп би барал воени овластувања од Конгресот и потенцијално уште еден, трет мандат.

Војна, одложени избори и моќта на воените закони – дали Трамп може да добие трет мандат?

Џианг поднесе споредба со американската историја, нагласувајќи дека единствен претседател со повеќе од два мандати бил Френклин Д. Рузвелт за време на Втората светска војна, по што беше донесен 22-иот амандман. Меѓутоа, Трамп во изјава се пошегува: „Ако случајно бидеме во војна со некој, повеќе нема избори. О, тоа е добро.“ Џианг предупредува дека доколку конфликтот ескалира, со прогласување воена состојба, можен е обид за уште еден мандат преку одложување на изборите.

Конфликтот продолжува: САД бараат безусловна капитулација од Иран, а мирот е сè подалеку

Трамп досега категорично ги одби преговорите со Иран, барајќи „безусловна капитулација“, додека воените напади продолжуваат низ Блискиот Исток. Белата куќа најави „нова фаза“ во заедничката војна, а американската администрација тврди дека се’ се одвива според планот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *