Прекрасната Хејли Бибер за Ноќта на вештерките се облече како принцезата на поп музиката во четири провокативни изданија

Хејли Бибер ги изненади своите 38,5 милиони следбеници на Инстаграм во саботата кога се облече како Бритни Спирс за Ноќта на вештерките.

Амбициозниот потфат резултираше со четири изданиа на поп-ѕвездата во кои таа се има појавено од 1998 до 2001 година.

24-годишната манекенка ги отелотвори моментите на поп културата од висок профил, почнувајќи од најдобрите музички спотови на Бритни до нејзината насловна страна на Ролинг Стоун.

Хејли започна со пресоздавање на изгледот од музичкото видео на Бритни „Baby One More Time“.

Продолжувајќи со нејзината креативност, убавицата родена во Аризона го пресоздаде изгледот од музичкото видео за песната „Ups…I did It again“.

Следно беше насловната страница на Ролинг Стоун од 1999 година, фотографирана од Дејвид ЛаШапел, на која 18-годишната Бритни Спирс држи бел телефон и плишана играчка Телетабиси.

И, конечно, последнаа маска на Хејли беше од г-ѓа Спирс во монументалното музичко видео на „Slave 4 U“.