Прекрасната ќерка на Моника Белучи тргна по стапките на мајка си
Дева Касел е млада девојка која плени со својата харизма и природна убавина, кои сигурно ги наследила од својата мајка, најубавата жена на светот, Моника Белучи.

Таа синоќа присуствуваше на модната ревијата на Диор во Париз, каде што беше во центарот на вниманието и покрај едноставноста и елегантноста на нејзиниот избор на облека и шминка.

Дева, која сега е заштитно лице на познатиот бренд „Долче и Габана“, исто како и своја мајка, ги краси насловните страници на францускиот магазин „Ел“ и италијанскиот „Вог“.


