Преку глава ви е од бетон? За вас е Тристан да Куња – најоддалечениот остров на светот
Доколку сте уморни од современиот живот исполнет со гужви во сообраќајот, бесконечни е-пораки и загадување, можеби сте во потрага по место каде времето тече побавно. Тристан да Куња е токму таква дестинација – еден од најизолираните острови на планетата, каде животот е едноставен, а природата недопрена.
Овој вулкански остров е дел од британската прекуморска територија Света Елена, Асенсион и Тристан да Куња, иако неговата оддалеченост од Обединетото Кралство го прави единствен по многу нешта. Сместен во јужниот дел на Атлантскиот Океан, на шестдневно патување со брод од Кејптаун, Јужна Африка, Тристан да Куња е опкружен само со море.
Најблискиот соседен остров е соодветно наречен „Недостапен остров“ (Inaccessible Island), што само ја нагласува изолацијата на овој архипелаг.
Дали може да се преселите на Тристан да Куња?
Ако мислите дека оваа далечна населба е идеалното место за вас, постои едно големо ограничување – имиграцијата е речиси невозможна. Според официјалната веб-страница на Тристан да Куња, единствен начин да се преселите е доколку имате семејни корени на островот.
Дополнително, не е дозволено купување недвижен имот, а работните можности се многу ограничени. Затоа, иако Тристан да Куња нуди мир и изолација каква што ретко каде може да се најде, останува едно од најнепристапните места за живот на Земјата.
Коментирај анонимно