Премиерот и бабата од планинското село (виц)

Оди Оливер Спасовски на посета на едно македонско планинско село. Гледа во еден двор седи една бабичка и ја поздравува:
– Добар ден бабо!
– Добар ден чедо! Ти чиј беше?
– Како не ме познаваш бабо, па јас сум премиерот Оливер Спасовски.
– А, е па да те прашам нешто чедо. Овој карантинот вие ли го измисливте или научниците?
– Ние бабо, ние – гордо одговара премиерот.
– И јас тоа и го кажувам на комшивката баба Нада. Да беа научниците прво ќе пробаа на кучињата, а не обратно.