Претседателот им нареди на научниците да ги затворат „портите на пеколот“

Туркменистанскиот претседател им нареди на експертите по половина век конечно да најдат начин како да го изгаснат пожарот во кратерот за природен гас, попознат како „портите на пеколот“.

Претседателот Гурбангули Бердимухамедов на државната телевизија изрази загриженост за животната средина и економијата и им нареди на властите да го изгаснат пожарот во гасниот кратер Дарваз во пустината Каракум.

Уште во 2010 година, Бердимухамедов им нареди на експертите да најдат начин да го изгаснат пламенот што гори откако советската операција за дупчење тргна наопаку во 1971 година.

Тој тврди дека кратерот создаден од човечка рака „има лошо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето кои живеат во близина“.

Кратерот е формиран во 1971 година кога Советите удриле во празнина исполнета со гас за време на дупчењето, што предизвикало пад на земјата под платформата за дупчење.

За да се спречи ширењето на опасните гасови, Советите одлучија да го запалат гасот.

Оттогаш јамата гори, а сите досегашни обиди да се затвори беа неуспешни.

Кратерот што настанал како последица на оваа несреќа, широк 70 метри и длабок 20 метри, денес е популарна туристичка атракција на оваа поранешна советска држава.

Пред три години, претседателот официјално го смени името во „Блесок на Каракум“.