Презентер на временска прогноза работи од дома, но не очекуваше дека ќе треба да ја дели славата

Презентер на временска прогноза за телевизијата 14 News мора да работи од дома поради пандемијата. Џеф Лионс добро си ја знае работата и мислел дека сѐ ќе оди според планираното. Сепак не очекувал дека неговата мачка Бети нема да може да одолее а да не влезе во кадарот за да се мази.

Така Џеф им кажа какво ќе биде времето заедно со неговата симпатична пријателка. Луѓето веќе бараат секоја временска прогноза да биде заедно со Бети.