Преживеала страшна операција и ампутации, а денес живее љубовна приказна поразлична од останатите

Љубовната приказна на холивудскиот актер 39-годишниот Руперт Френд и неговата сопруга 46-годишната Ејми Малинс може да послужи како инспирација за најубавите романтични филмови, но и инспирација во секојдневниот живот бидејќи многумина можат да се угледаат на нив.

Среќниот пар беше во врска само една година откако одлучија да се свршат во 2014 година, а се венчаа во мај 2016 година на интимна церемонија и оттогаш ја живеат својата љубовна бајка.

Но, животот на Ејми не беше ниту блиску до бајка. Имено, Ејми имала големи здравствени проблеми уште од раѓање откако се родила без лисна коска, а нејзината состојба барала ампутација на двете потколеници. Лекарите не им дале оптимистичка прогноза на нејзините родители, но за среќа се покажа дека тие многу погрешиле.

Ништо не ја спречи Ејми да ја задржи волјата за живот и успех, па по некое време направи кариера како спортист и во 1996 година настапи како тркач на Параолимписките игри. Потоа стана модел и мотивациски говорник, и се испроба во светот на актерството.

Како модел, таа шеташе на модната ревија на покојниот дизајнер Александар Меквин со специјално изрезбани дрвени протези, што е запишано во историјата како еден од најшокантните настани во светот на модата.

Првиот филм на Ејми беше „Кремастер 3“ во 2002 година, а 11 години подоцна актерството ја зближи со Руперт, со кого се запозна за нов проект.

„Во еден момент дојде келнер кај нас и рече: Извинете ќе морам да ве замолам да си одите. Го погледнавме и прашавме: “Зошто?” Затоа што е 5 наутро и затворивме пред еден час, беше неговиот одговор. Не бевме свесни за ништо околу нас цела вечер. Беше прекрасен, возбудлив разговор помеѓу два интензивно љубопитни умови за многу различни теми.“, изјавила Ејми во една прилика.

Потоа сѐ друго е историја. Се венчаа на 1 мај 2016 година, а нејзината желба беше да направи мала венчавка. Во еден момент, таа дури и не сакаше веренички прстен, но идејата не му се допадна на нејзиниот татко, па на крајот Руперт и го подари. Само кумови и младенци беа присутни на свадбената церемонија одржана на една фарма.

„Се венчавме на прекрасна фарма и врнеше. Тоа беше совршена венчавка, по што отидовме на билијард”, откри Руперт како гостин во емисијата „Во живо со Кели“ пред една година.