При изградба на нов аеродром пронајдени се стотици џиновски скелети

Стотици скелети на мамути се пронајдени закопани под аеродром во изградба и се смета дека е најголемата колекција на коски на мамути некогаш пронајдени. Досега се откриени двесте коски на местото лоцирано северно од Мексико Сити, а многу други чекаат да бидат ископани.

Постои надеж дека откритието на коските ќе понуди нов увид во тоа како и зошто големите животни исчезнале пред илјадници години.

Археолозите од Националниот институт за антропологија и историја на Мексико сфатија дека на ова место може да има маси скелети откако во ноември минатата година открија две „стапици за мамути“ стари 15.000 години во близина на локалитетот.

„Стапиците“ се јами со длабочина од околу 1,70 метри и дијаметар од 25 метри и се смета дека луѓето ги бркале големите животни во стапиците. Јамите се пронајдени по рутински ископувања за расчистување на земјиштето за градилиштето на меѓународниот аеродром Фелипе Анџелес.

Овој вид мамут пристигнал во Северна Америка пред еден милион години и често живеел до 70, па дури и 80 години. Коските беа откриени за прв пат во мај, кога најмалку 60 скелети мамути беа пронајдени во исушеното корито на езерото Ксалтокан на местото на аеродромот. Оттогаш, тој број се зголеми на 200 и бројката продолжува да расте.