Пријатели изградиле тврдина во шумата и почнале да добиваат писма од мистериозни луѓе кои ја посетиле

Ако сте личност која ја сака природата ќе се согласите дека во шумите можат да се најдат многу интересни работи.

Покрај вистинската природа, секогаш постои шанса да се сопнеме на нешто со поголема приказна, како на пример ситни орнаменти или ‘рѓосани куршуми што стоеле таму со децении, ако не и со години.

Па, понекогаш откритијата се многу поголеми од ова. Пред некое време, група на пријатели што ја сакаат природата, кои неодамна го добија прекарот Forest Folk (Шумски народ), се шетаа низ шумата и пронајдоа тврдина што некој започнал да ја гради, но никогаш не ја завршил. Тие мислеа дека е кул и решија да продолжат таму каде што другите застанале.

Досега имало неколку посети и тврдината се градела убаво. Сепак кога групата дошла еден ден да работи на тврдината пронашле мистериозна црвена кутија, со писмо и клуч. Некој друг ја пронашол структурата и разбрал дека во моментот се гради. Затоа, тие решија да остават кутија со писмо, клуч и некои канцелариски материјали во неа.

Forest Folk го отвориле писмото и дознале дека друга група на луѓе љубезно прашува дали ќе можат да ја користат тврдината кога Forest Folk нема да се тука. Овие луѓе всушност им го дале и прекарот на групата.

Исто така, објасниле дека кутијата може да се користи како средство за анонимна и бесконтактна комуникација меѓу двете групи и тие ветија дека нема да кршат или допрат ништо. Втората група си го дала прекарот Goons.

Но, она што најмногу ги изненадило Forest Folk е дека пред нив уште две групи ја пронашле кутијата. Една од групите се претставила како Juniors и исто така ги замолиле дали ќе можат да ја користат тврдината, а другата група како OGs и тие изјавиле дека всушност ја започнале тврдината која Forest Folk ја пронашле.